Штип, сабота претпладне, раздвижено во населбата Сењак, во делот каде населбата од булеварот се поврзува со новиот челичен мост на Брегалница. На поминување по булеварот слушател на Канал 77 забележал човек, кој ги вади свежо поставените бекатон плочки и си ги става во багажникот на возилото.Другите возила го одминуваат, но, никој не реагира. Дури во еден момент го закочува сообраќајот, па другите возила мора да подзастанат за да се размиснат со тие што доаѓаат од спротивната страна.
Објавено на: 05/23/20 1:43 PM