Депонијата Русино повторно гори – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 10:05 AM

Депонијата Русино повторно гори

Огнот кој се појавил синоќа и околу полноќ заради интензитетот предзвика реакции на жителите на Гостивар и околните населби, кои се жалеа на непријатна миризба и чад во воздухот.

Пожарот се појавил некаде околу 20 часот. Гасењето било отежнато, бидејќи како објаснува Исак Љазами директор на ЈП Комуналец, бидејќи се  појавил на непристапен терен.

– Причина за пожарот е човечки фактор. Во близина на депонијата биле запалени се стари автомобилски гуми, по што огнот неконтролирано се проширил врз отпадниот материјал. За жал, оваа појава се повторува и индикативно е ова се случува во период кога има празник, вели директорот Лазами.

Екипа на комуналното претпријатие со градежна механизација и пожарникари до доцна синоќа работеле на гаснење на стихијата. Огнот, утрово беше локализиран, но беше забележив чад кој излегуваше од депонијата.

За една недела ова е втор пожар на регионалната депонија и беше изгаснат за помалку еден ден.

Последниот голем пожар на депонијата Русино, лани во август, предизвика револт кај гостиварци. За да се спречи неговото ширење и поголеми последици о гаснењето беа ангажирани и пожарникари од соседните општини и државни институции.