Полуголата руска медицинска сестра ќе стане модел за долна облека – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 7:02 AM

Полуголата руска медицинска сестра ќе стане модел за долна облека

Руската медицинска сестра Наѓа, чии фотографии како во проѕирна заштитна облека преку која и’ се гледа долната облека работи во машко одделение во болницата во Тула го обиколија светот, доби казна од болницата, но поради случката веројатно  ќе стане манекенка.

„Сакаме токму таа да биде модел за нашиот бренд на долна облека. Планираме да направиме нови колкции и сакаме токму со неа да потпишеме ексклузивен договор“, изјавила директорката на компанијата „Мисс Х“, Анастасија Јакиева.

По настанот во болницата, за кој медицинската сестра  Надежда-Наѓа Жукова (23) изјави дека и’ било жешко, а и не забележала дека заштитната антикорона облека била проѕирна, таа „заработи“ казна од болницата, но доби поддршка од многу страни, меѓу кои и од гувернерот на Тулската област, а директорката на болницата соопштила дека Жукова останува на работа.