Рестораните во Италија повторно се отвараат по затворањето поради пандемијата на коронавирус, а нивните сопственици се свртени накај безбедните начини на услуга на гостите за да што повеќе ги провлечат гостите.
„Конечно, по два и пол месеци успеав да излезам, не само во супермаркет, туку и во ресторан. Тоа е голема сатисфакција, а ако јадете добро,тоа е уште подобро“, вели гостин во ресторанот Да Енцо во Рим.
Рестораните, кои повторно ги отвориле своите врати за гости, даваат се од себе за да им овозможат што побезбедно искуство.
За ресторанот Да Енцо тоа значи дека немаат веќе класични мени од хартија. Местот тоа, келнерот држи QR код за скенирање, а на гостите со скенирање на кодот на екраните на телефонот им се појавува менито со специјалитетите на денот.
Сопственичката на ресторанот вели дека гостите на почетокот биле малку изненадени, но дека се прилагодуваат. Бројот на масите во ресторанот се преполовени за да бидат најмалку на еден метар далечина. Откако гостите ќе си заминат, персоланот ги дезинфицира масите и столчињата.
Извор: bizlife.rs
Фото: restaurantguru.com