Верските заедници во Македонија, покажаа дека се втора, силна власт во државата, што се покажа по собирањата во црвките и џамиите и покрај строгите владини уредби за несобирање. Ова во гостувањето на „Утрински брифинг“ , го изјави проф. д-р Никола Пановски,.
-Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95 отсто од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, изјави д-р Пановски.
Микробиологот се согласува со препораката да се носат маски, но, како што рече, таа препорака не се почитува во целост Струшката литургија, велигденските собирања, погребите, собирањата во џамии и цркви, според Пановски покажаа дека верските заедници претставуваат втора власт во државава.
-Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави д-р Пановски.