Му купила „порше панамеру“ од 130.000 евра за роденден, а тој одбил- не сакал да биде мамино и татино синче – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/20 7:16 AM

Му купила „порше панамеру“ од 130.000 евра за роденден, а тој одбил- не сакал да биде мамино и татино синче

Лепа Брена на синот Стефан  му купила автомобил од 130.000 евра, „порше панамеру“ за неговиот 28 роденден.

-Веднаш по укинувањето на вонредната состојба  Брена на Стефан му купи автомобил. Планираше да му ги даде клучевите од автомобилот баш за неговиот роденден, но не издржа. Пред една недела го паркира автомобилот во дворот на нивната вила на Бежаниска Коса и го повика Стефан, кој живее во негов стан на Вождовац. Тој ден кај Брена се собра целото семејство, таа, Боба и Виктор со девојката Сандра, како и Филип со сопругата Александра и синот. Сите го чекаа Стефан и иако мислеле дека ќе скока од среќа, тој беше потполно рамнодушен на подарокот, рекол извор  за srbijadanas.com

Извор близок на семејството објаснил дека Стефан се труди во јавноста да не биде претставен како мамино и татино синче и затоа не сакал да му купуваат скапи подароци.

-Стефан никогаш не сакал да зависи од Брена и Боба, дури и станот си го купи на кредит. Им рече дека не требало да му подарат толку скап автомобил, бидејќи не сака да зборуваат дека мајка му и татко му му купуваат се. Браќата Виктор и Филип едвај го убедиле да го прифати подарокот, рекол изворот.

Изворот открил и дека семејството Живојиновиќ имаат голем возен парк.

-Во дворот имаат шест автомобили и сите членови на семејството можат да возат кој сакаат. Меѓутоа, ова „порше“ е наменето само за Стефан. Тој досега возеше џип „ренџ ровер“ стар осум години, а Брена сакаше да го израдува. Стефан предложил и новиот автомобил да биде дел од возниот парк и да го вози кој сака, но Брена му објаснила дека тоа е само негов автомобил и дека со него може да прави што сака, рекол изворот за srbijadanas.com

Фото: paparazzo.ba/svet24.si