Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски во своето гостување во телевизија Телма истакна дека е невозможно за 22 дена да се организираат избори посочувајќи дека не се работи само за изведбата на дејствијата околу избирачкиот список. Тој истакна дека во услови на пандемија протоколите на здравствените власт треба да бидат преточени во решенија на ДИК.
„Да надополнам ние пишуваме дека согласно погоре наведеното во нашата информација заклучуваме како ДИК дека е невозможно комплетните подготовки за избори да се изведат за 22 дена. И од тие причини размислувајќи тука не сметајќи ги само овие дејствија кои ги напоменуваме сега околу избирачкиот список туку и новата состојба, протоколите кои треба да ги добиеме од здравствените власт ние ти протоколи треба да ги преточиме во наши решенија и одлуки и по нив да постапуваме. Јасно е дека ни треба многу време за подготовка и организација на изборите. Сметавме дека наше е да дадеме одредена препорака како ќе се однесуваат властите ќе видиме на крајот на денот. Меѓутоа јасно е и дека кажавме дека кај избирачкиот список поради заштита на правото на гласачите за да не се доведеме во ситуација која што ја имавме пред неколку години, ако се сеќавате 2015 имавме толку оспоруван избирачки список“, вели Дерковски.