Градоначалник се преправил умрен, за да не го уапсат – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/20 1:58 PM

Градоначалник се преправил умрен, за да не го уапсат

Секогаш треба да се снајде човек во секоја ситуација, независно дали е глупава или не. Пример за снаодливот е градоначалникот на едно мало градче во Перу. Тој одлучил да се преправа дека е умрен откако бил фатен како ги крши мерките, што надлежните ги вовеле поради пандемијата со корона вирусот.

„Daily Mail“ објави дека  градоначалникот Роландо Урбина Торес бил снимен како лежи преправен во мртовец во отворен ковчег, но со заштитна маска на лицето.