Понеделник неработен ден за сите граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/20 9:51 AM

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј” Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

.