Титовата вила, единствениот објект во центарот на Златибор што е прогласен за кутурно добро, некогаш беше опкружена со импознантно зеленило, а денес се наоѓа во средината на големо градилиште на кое никнува огромен хотелски комплекс во познатиот српски туристички центар, пренесуваат повеќе медиуми.
Интересно, комплексот во зградба на површина од два хектара, а вреден 15 милиони евра, е наречен „Титова вила Златибор“. Планирано е во неговот центар да биде вилата именувана по претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Таа е прогласена за Титова вила, иако можеби тој никогаш во неа не престојувал, ако се изземе еден ручек што го имал во 1974 година. Како вила на Владата на СФРЈ, заштитена е како културно добро. Објектот на вилата стана дел од туристичкиот комплекс „Титова вила Златибор“, а инвеститорите се фалат со нејзиното културно-историско значење. Вилата ќе остане среде комплексот како музеј со името „Титова вила“, пренесува Н1.
Урбанизацијата на Златибор трае и тос е видливо на секој чекор, што им пречи на вљубениците во природата. Претседателот на општината Чаетина, Милан Стаматовиќ, вели дека ако државата сакала, можела да го сочува целиот комплекс. Од фирмата „Станпроект“, која ја извршува градбата на комплексот, велат дека Титовата вила ќе се реставрира и ќе биде отворена за посетители.