Време: Сончево, попладне на места со пороен дожд, од утре значителна промена – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/20 5:54 AM

Време: Сончево, попладне на места со пороен дожд, од утре значителна промена

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со максимална температура до 31 степен.. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. УВ=7.  Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Значителна промена на времето ќе има утре, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде в четврток, а од петок времето ќе се стабилизира, а темепартурите ќе бидат во порат.