На денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата не е постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.
Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.
ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.
На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.