Во турскиот град Анталија, каде метеоролошките податоци се бележат од 1929 година, вчера околу пладне е забележена температура од 38,8 степени Целзиусови, што е рекордна температура на воздух забележана во мај. Меѓутоа, не само што е соборен рекордот, температурата во текот на денот во Анталија вчера достигна дури 42,7 степени, јавува агенцијата Анадолија.
Шефот на локалната Канцеларија за метеорологија Мурат Ѓулер во изјава за АА рече дека температурата во Анталија продолжува со раст.
Метеоролошки податоци во Анталија почнаа да се бележат пред 91 година, а од тогаш највисока температура во мај е измерена 1945 година, кога изнесуваше 38,7 степени.
„Денес во 11:19 часот температурата изнесуваше 38,8. Од тогаш температурата на воздух константно расте и сега достигна 42,7 степени Целзјусови”, рече вчера Ѓулер.
Улиците на Анталија секако беа празни поради мерките против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), но со ненадејниотт раст на температурите на воздухот, улиците во потполно се испразнети.
Надлежните органи во Турција утрово донесоа одлука според која на лицата постари од 65 години, кои имаат некое хронично заболување, им се дозволува излегување ндвор во траење од 6 часа.