Купил часовник кој чини колку еден стан, познатиот пејач Саша Ковачевиќ напорно работи и ужива во богатство – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/20 10:32 AM

Купил часовник кој чини колку еден стан, познатиот пејач Саша Ковачевиќ напорно работи и ужива во богатство

Популарниот српски пејач  Саша Ковачевиќ  се почестил со луксузен „ролекс“  часовник кој чинел дури 50.000 долари. Часовникот е направен од бело злато и платина, а го купил од Америка од последната турнеја.

-Тој е љубител на убави и скапи работи иако во јавноста не сака да зборува за материјалните богатства. Со години мечтаеше токму за ваков часовник, но имаше други приоритети. Песни, скапи спотови, вложување во кариерата, па направи студио и продукциска куќа, па купи стан, отвори ресторан, рекол негов близок за  “Ало!” и додал:

– Познато е е дека Сале секогаш возел луксузни автомобили од премиум брендови, а кога си го исполни детскиот сон да вози  “порше”, на ред дојде часовникот. Но, и покрај тоа, тој е познат хуманист. Свесен е дека благодарејќи на луѓето кои ги сакаат неговите песни и се што тој работи му придонесуваат да живее живот каков што има сега. Поради тоа многу пари издвојува за разни хуманитарни акции, организира хуманитарни концерти и секогаш настапува кога ќе го повикаат. На социјалните мрежи секогаш ги шерува апелите за болни деца и ги повикува другите да помогнат, рекол изворот за „Ало!“.

Фото: Инстаграм