Мај беше и остана месецот во кој Дојран традиционално ги добива и првите капачи. Невообичаено топлото време и високите температури карактеристични за летото ги привлекоа најсмелите посетители да ја испробаат и температурата на водата. Дојранското езеро кое релативно брзо се затоплува остана да биде најпривлечно за постарите лица и за најмладите и да им понуди вистинска оддишка во овие топли пролетни денови.
Објавено на: 05/16/20 4:53 PM