Пронајден човечки череп на патот кон резерватот „Јасен” – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/20 3:42 PM

Пронајден човечки череп на патот кон резерватот „Јасен”

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на местото викано „Осој” во атарот на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот што се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен”, пронашле човечки череп.

Како што соопшти МВР, денеска увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика, изврши увид на местото на настанот, а телото е ископано, подигнато и предадено за обдукција.

Во текот на увидот, по наредба на јавен обвинител, телото е откопано и веднаш е предадено за обдукција. Обезбедени се траги од лице место и по наредба на јавниот обвинител тие ќе бидат извештачени.

Воедно, ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација.​, стои во соопшението од Јавно обвинителство на Република Македонија.