Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/20 3:35 PM

Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево

Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица.

– Вчера во 09:45, на улицата „Маршал Тито”, во близина на Житниот пазар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од У.З.(40) од Кичево врз Ш.Ш. (56) од селото Зајас, соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР – Охрид информираат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тој, исто така посочи дека во текот на изминатото деноноќие во Кичево и околината сите граѓани ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Димоски објасни дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

МИА