Го убиле во двор, пред очи на мајка му, а цело село од страв се заклучило дома- криминални пресметки во Бања Лука – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/20 3:52 PM

Го убиле во двор, пред очи на мајка му, а цело село од страв се заклучило дома- криминални пресметки во Бања Лука

„Се плашиме. Кога слушнавме што се случило веднаш се заклучивме дома и никаде не излегуваме“, рекол мештан од  местото Драгочај, во близина на Бања Лука,  каде денес бил ликвидиран Славиша Ќулум, познат криминалец.

–Го сретнав пред 10тина дена и ми кажа дека излегол од затвор. А кога слушнав дека е брутално убиен пред својот дом, пред очите на мајка му, нозе ми се пресекоа. Веднаш јас, жената и децата влеговме внатре и не планираме да излегуваме се додека не заврши, додека убиецот не го фатат, рекол соговорникот на Српскаинфо.

Тој рекол и дека не е единствен, бидејќи на улица, од како се дознало за убиството нема буквално никој.

– Страв ни е, бидејќи убијците се уште на слобода и којзнае каде се кријат. Страшно е некого да убијат среде бел ден пред неговата куќа и пред неговата мајка, изјавиле мештаните.

Славиша Ќулум бил во неговиот автомобил, кога двајца непознати  дошле и го изрешетале.Полицијата ги блокирала сите излези од градот а ним им помагал и хелихоптер. Убиениот неодамна излегол од затвор, каде поминал повеќе години поради обид за убиство  и други кривични дела, пишува Новости.

Фото: novosti.rs