Мигрант од Алжил украл возило, но бил фатен во село Саса.
На 11 мај во 18.00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса лишен е од слобода О.Н.(24), мигрант од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки. Возилото во СВР Куманово на 11 мај било пријавено за одземено.
О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.