Коронавирус: 20 нови случаи, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/20 11:39 AM

Коронавирус: 20 нови случаи, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1. Починати се три лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во Општата болница во Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 579, активни 129
•       Куманово – 410, активни 46
•       Дебар – 51,
•       Штип – 35, активни 2
•       Прилеп –184, активни 56
•       Тетово – 121, активни 58
•       Струга – 67, активни 4
•       Велес – 109, активни 50
•       Битола –23, активни 4
•       Охрид –15,
•       Кавадарци – 5,
•       Гостивар –19, активни 4
•       Гевгелија – 4,
•       Струмица – 2,
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4,
•       Крушево – 3,
•       Кочани – 31, активни 5
•       Пробиштип – 2,
•       Кичево – 2,
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1,
•       Македонски Брод – 2,
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1,
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2,
•       Кратово-2, активни 2
•       Берово-1, активни 1

Направени се 309 теста и тоа преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен факултет -16, Авицена –13, Биотек -24, Клиника „Жан Митрев” –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 38 од кои на кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент. Во ГОБ „8 Септември” примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18 од кои на респираторна машина се четворица пациенти и уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

МИА