Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга, синоќа во 23.30 часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Според пријавата во Полициската станица Кавадарци, 38 годишниот маж рекол дека околу 18.45 часот, физички бил нападнат во домот на поранешната 32 годишна брачна другарка, по кратка расправија.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА