Повеќе десетици илјади работници кои се заробени на крузерите поради пандемијата стануваат очајни, па во последните десетина дена неколкумина од нив извршиле самоубиства, а други почнаа штрајкови со глад за да усепат некако да дојдат до копно, а потоа и до своите домови.
Крстосувачката индустрија е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот и сите крузери се усидрени од 13 март. Додека патниците некако се извлекоа, илјадници работници се заробени во морските води, често и поради бирократски кочници.
Само во американските води се усидрени повеќе од 100 бродови со 70.000 членови на посадите, потврдила Крајбржната стража на САД за АФП.