Утре во „Вила Водно“ , претседателите на парламентарните политички партии од власта и опозицијата кои освоија пратенички мандати со самостојни листи на последните парламентарни избори ќе присуствуваат на лидерска средба со Претседателот Стево Пендаровски.
Власта и опозицијата имаат спротиставени ставови во врска со датумот за евентуално одржување на изборите.Предлогот на СДСМ е да се одржат изборите на 14-ти Јуни
„Заедничкиот став на СДСМ и коалицијата е одржување на избори штом се намали интезитетот на коронавирусот, на средината на јуни.Навремено и соодветно презедовме мерки и добро се справуваме со коронавирусот, но потребни се институции, потребни се Влада и Собрание со полн легитимитет за ефикасно справување со последиците од оваа криза.Затоа, на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување “, велат од СДСМ .
Лидерот на опозициската Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со принципот дека прв и основен приоритет е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за било какви датуми кои што ќе овозможат фер и демократски избори. Мицкоски се повикува на мислењето на Венецијанската комисија кое беше направено по барање на Грузија како препорака за сите држави во кој стои дека дека по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат тие предвремени парламентарни избори, или парламентарни избори воопшто.