Актерот Енди Секис, најпрепознатлив по улогата на Голум во филмовите „Господар на прстените“ и „Хобит “ , собра повеќе од 320.000 евра во хуманитарни цели, читајќи го на интернет романот „Хобит“ од Џ.П.П. Толкин.
На Секис му беа потребни околу 11 часа да го прочита романот, а го следеја повеќе од 650.000 луѓе од целиот свет, пренесува Скај њуз.
Актерот започна со читање во 10 часот наутро во петокот, а крајот беше малку пред 21 часот истиот ден.За целото тоа време тој направи само неколку паузи од по 2 минути, вклучувајќи ја и паузата за време на која оддаде почит по повод Денот на победата на фашизмот во Втората светска војна, 9-ти мај.
Целта на овој подвиг беше да луѓето се забавуваат и се расположат за време на пандемијата .
Собраните средства ќе бидат поделени на организациите “NHS Charities Together” и „Best Beginnings”, кои им даваат поддршка на бебињата, трудниците и новите родители, како би се намалила социјалната нееднаквост во општеството.
извор:Rts.rs