Српската музичка ѕвезда Владо Георгиев на многу непримерен начин го навредил имунулогот Срѓа Јанковиќ, еден од најстручните во врска со вирусите, само затоа што носел маска во студио, а бил сам. На Твитер му се нафрлиле на Георгиев, кој исто така носел маска.
Imbecil priča “potpuno sam” sa maskom preko usta i nosa.
Bravo, spavaj s maskom jebo te Bill Gates i Faucci i who. Dokle ovo ide ljudi… pic.twitter.com/E8pqWobU33— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) May 9, 2020
Пандемијата, изолацијата, самоизолацијата, вонредната состојба…. сето тоа остави траги кај сите а стручњаците сметаат дека негативните ефекти допрва доаѓаат. Таков пример е и пејачот Владо Георгиев, не заостанува од тешките навреи, па и ако станува збор за угледни личности, лекари кои се “носеа” со епидемијата, укажуваа, советуваа. Тој на својот Твитер профил го нападна имунологот Срѓа Јанковиќ, поради маската што ја носел преку лице а бил сам во ТВ студију.
Георгиев, кој ги застапува “антивакцинските ставови”, а не пропушта да го спомене и Бил Гејтс, мулти милијардерот кој се залага за вакцинирање на сите. Тој ги навредувал и сите кои носат маски во автомобилите и на други места…
Svi koji voze kola sami s maskom su nenormalni. Svi ljudi koji tegle kese iz prodavnice potpuno sami i nose masku i ne mogu da dođu do daha su takođe nenormalni. Tjeraju žene da nose masku na porođaju. U Kini je dečko 14 godina star preminuo jer je trčao sa maskom N95. To je ok?
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) May 9, 2020
На Твитер многу му одговориле- “шлагер пејачу”, дека не треба да навредува пристен човек каков што е Јанковиќ и дека со маската тој сакал да им прати порака на сите дека опасноста од вирусот не е помината и дека е важно да се заштитат.
“Имбецил е секој кој седи сам и носи маска и зборува со маска”, возвратил Георгиев.
Но, некои од твитерџиите го присетија пејачот дека тој и сам пропагирал носење маска на почетокот на пандемијата:
“Браво глупави, сите кои се смеете на маските и ракавиците и кои кивате и пипкате е и сешто. Скоро никој ништо од заштита не носи… јадни сте!”, напишал Георгиев на почетокот со фотографија во продавница со маска на лицето.
Во коментарите имало и такви кои му порачале- “ќути и направи уште една иста песна”, “шлагер пејач”, “будала” …
Георгиев, кој застапува една од теориите дека сите сакаат да не вакцинираат и да ни стават чип за да полесно го контролираат светот, не е сам. И Тони Цетински слично мисли, некогашниот руски тенисер Марат Сафин, но и Новак Ѓоковиќ изрази сомнеж за вакцината, која се уште ја нема и прашање е дали ќе ја има.
Извор: mondo.rs
Фото: vino.rs