(ВИДЕО) Тепачка и пукање на Матка – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/20 7:33 PM

(ВИДЕО) Тепачка и пукање на Матка

Инцидент се случи денеска во реонот на кањонот Матка, кога лицето Мерван Сулејмани, внук на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, со уште неколку лица физички ги нападнале браќата Саит и Садик Амет, при што употребиле и огнено оружје. Сите учесници во инцидентот се возачи на чамци за туристи и посетители на Матка.

Расправијата која довела до инцидентот, настанала во врска со движењето на чамците кон пештерата. Повредени во инцидентот нема.

Браќата Амет се од селото Грчец, додека Мерван Сулејмани е жител на Шишево.

На социјалните мрежи, пак, се споделува водео од денешниот настан на Матка.

Извор: Телма/Либертас