„Ние новинарите не обрнуваме доволно внимание на оваа тема, од големите политички теми не ја гледаме суштината“, вели новинарката Валентина Вурмо од „Фокус“ во емисијата „Стадион“ на Канал 77 со „Парадокс“ на темата „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“ која своевремено работела на темата „Дрвокрадците пустошат со амин на шумарите“ објавена во 2015 година.
Ова е една горка тема која низ годините се влече и морам да кажам дека ништо не се поместува, истите шеми на крадење дрва се користат до денес, замижувањето од страна на институциите си продолжува, немаме некаков напредок, вели Вурмо.
Ова е голем криминал каде се вртат милиони, не стануав збор за обични криминални групи, тоа се професионалци кои се вооружени. Покрај оружјето, вели Вурмо тие имаат помош и од иснтитуциите.
„Една од шемите на кој начин се врши овој криминал е кога дивокрадците заминуваат во шума со одобрение од македонски шуми, меѓутоа одобрението не одговара на реалната состојба, тоа значи тие добиваат дозвола за сеча во поголема количина отколку што има дрва на парцелата, а остатокот го прибираат од парцели кои се на други луѓе. Исто така се користи уште една шума, кога наместо претпријатието да додели испратница за еден час да стигне камионот со дрва, тие добиваат испратница за поголема саатница и тогаш покрај легалната тура, камионот се враќа и врши уште една до две не легални тури“, раскажува Вурмо во „Стадион“.