Масовно бегство од заразениот далматински остров – сите не успеале да се качат на бродот – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/20 7:52 AM

Масовно бегство од заразениот далматински остров – сите не успеале да се качат на бродот

Во последните 24 часа во Хрватска се збележани 36 новозаразени со Ковид-19, од кои најмногу (25) се во Сплитско-далматинската жупанија. Најголем дел од заразените се на островот Брач, па постои можност тој остров да се затвори, а остатокот на земјата да се отвори, порача министерот за внатрешни работи и раководител на Националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ.

Пациент од Брач, кој се вратил од болница, имал домашни посети од многу соседи и пријатели. Од вкупно 36 што го посетиле, сега 22 се позитивни на вирусот, пишува „Слободна Далмација“.

Новинароѕ на „Н1 телевизија“, Хари Кочиќ“, на Твиер вчера споделил снимка од траекот што плови на релацијата Сплит – Супетар – Сплит.

„Бегство од Брач, откако е објавено дека островот ќе заврши во карантин? Сите не успеаја да се качат на траекот. Брачани велат дека се бесни зашто се придржувале на сите мерки, а сега повторно ќе бидат затворени“, напиша Кочиќ.

Во Хрватска вкупниот број заразени заклучно со вчера изнесува 2.161, а на починатите – 86.