Коронавирус: Четири милиони заразени во светот, од нив повеќе од една третина се излекувани – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/20 6:16 AM

Коронавирус: Четири милиони заразени во светот, од нив повеќе од една третина се излекувани

Според последните податоци, бројот на заразените со Ковид-19 во светот изнесува 4.014.000 луѓе, на излекуваните – 1.386.000, а досега починале околу 276.000 луѓе.

Бројките се најголеми во САД, каде што досега се инфицирани 1.317.000 луѓе, а починале 78.500, од кои само вчера 1.481. Во Велика Британија во последните 24 часа починале 626, во Шпанија 229, во Франција и во Италија по 243 луѓе… Италија вчера стана третата земја што ја надмина бројката од вкупно 30.000 починати (30.201), по САД и Велика Британија, во која тој број до вчера изнесуваше 31.250.

На Балканот нема поголеми нарушувања. Во Романија бројот на заразените заклучно со вчера е 14.800 со 923 починати, во Србија – 9.943 (209), Грција – 2.691 (150), Хрватска – 2.161 (86), Босна и Херцеговина – 2.070 (98), Словенија – 1.450 (100), Бугарија – 1.872 (86), Црна Гора – 324 (8), Албанија – 850 (31), а во Македонија бројот на заразените до вчера достигна до 1.586, а на починатите до 90.