Холандски ресторан смислил како да понуди специјален оброк на отворено во време на корона кризата – мали стаклени објекти за двајца или тројца кои стравуваат од интимен простор на терасите од рестораните.
Келнерите со ракавици и проѕирни маски на долги послужалници служат храна во сепаре со цел да се одржи дистанца со гостите во ресторанот.
Иако концептот во моментот го пробуваат само семејствата и пријателите на вработени во ресторанот „ETEN“, кој е во состав со уметничкиот центар „Медиаматик“ во Амстердам, велат дека делува гламурозно затоа што гостите уживаат во оброкот, на светлина од свеќата со поглед кон вода.
„Многу е удобно, убаво и храната е одлична“, изјавил еден гостин кој бил поканет на пробна вечера.
Организаторите го нарекуваат проектот „Посебни стакленици“.