„Татко ми жив го сместија во соба со починати, а кога почина го изгубија телото“, ова е само дел од она со што се соочуваат жителите на Еквадор. – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 2:26 PM

„Татко ми жив го сместија во соба со починати, а кога почина го изгубија телото“, ова е само дел од она со што се соочуваат жителите на Еквадор.

Здравствениот систем во вториот по големина град во земјата Еквадор пропадна само неколку недели по избувнувањето на епидемијата. Кога Флавио Рамос бил одведен во болница во Еквадор, тој се борел за воздух и ја губел свеста неколку пати. Неговиот син Артуро забележал две тела како лежат на подот. Следното утро, бројот на тела во просторијата се искачил на три – Флавио Рамос беше мртов. Повеќе од еден месец телото уште не е пронајдено и неговото семејство сè уште не го погребало. Набргу по неговата смрт, Артуро рече дека болницата го изгубила телото.

– Ни треба место да го оставиме цвеќето. Нема ништо, ништо не можете да направите – рече Артуро за Си-Ен-Ен.

Флавио Рамос (55) е уште една жртва на вирусот корона во Гвајакил, Еквадор, едно од најтешко погодените места во светот со вирусот корона. Неговата смрт и исчезнување илустрира како здравствениот систем во вториот по големина град во Еквадор се распадна само неколку недели откако експлодира епидемијата во март. Гвајакил не беше подготвен да се бори против вирусот. Минатиот месец, градот со скоро три милиони жители, го привлече светското внимание кога се појави видео на кое се гледаат тела оставени на улиците затоа што мртовечниците се полни. Многу семејства беа принудени да ги ставаат своите најблиски пред нивните куќи затоа што се плашеа од инфекција, а смрдеата станаа неподнослива.

Во текот на март и април, болниците биле преполни поради пандемија, која рапидно се ширела поради неподготвениот здравствен систем и скоро и да немало шанси да им се помогне на луѓето.

– Луѓето се преплашени. Многу болни луѓе доаѓаа во болниците и умираа. Третирате една личност, правите сè што можете и таа умира, се префрлувате на друга и таа умира, а потоа на третата и така натаму во круг – рече еден доктор кој посака да остане анонимен од страв дека ќе ја изгуби работата.

-Во еден момент, во болничките соби имаше десетици тела што чекаа да бидат однесении. Немаше повеќе вреќи за нив, додаде лекарот.

Флавио го прослави својот роденден во јануари, опкружен со семејство и пријателите. Во последните недели од март, тој почнал да се чувствува лошо. На 31 март, неговото дишење стана толку тешко што неговиот син решил да го однесе во болница. Го возел во најблиската болница, но персоналот му рекол дека е преполна. И тогаш се обидел во втората болница, потоа во третата, четвртата … По четири часа возење, неговиот татко конечно бил примен во болница. Тоа било 11-та болница во која отишол.

Тој рече дека неговиот татко последните часови ги поминал во просторијата со пациентите кои веќе биле мртви

– Двете тела беа на подот. Едниот беше во ќеса за ѓубре, а другиот само лежеше на подот. Никој не се грижеше за нив – рече Рамос.

Утрото на 1 април, тој излегол надвор да купи појадок.  Го немашло околу 15 минути и кога се вратил, неговиот татко бил мртов.

На крајот од разговорот, тој рече дека болницата е како воена зона.

Висок функционер од канцеларијата на претседателот Ленин Морено јавно се извини за лошиот одговор на владата на пандемијата, велејќи дека здравствените работници не биле подготвени за епидемијата која брзо ги одземала животите.

Погледнете дел од ужасите во Еквадор:

blob:https://www.telegraf.rs/ad6a5584-319b-4fcf-9f43-bf1b97366051