Меланија Трамп во сафарен стил, со тајна порака (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 1:58 PM

Меланија Трамп во сафарен стил, со тајна порака (ФОТО)

Најновиот модел кој првата дама на САД го одбаралa повторно потврдува дека изборот на стајлинг добор и оди и дека одличен изглед може да се постигне само со едно парче облека. Во комбинација со добри чевли.


Првата дама на САД, Меланија Трамп пред неколку дена го прослави 50 –от роденден, поранешната манеканка со словененски корени секогаш го свртува вниманието со своите модни погодоци, иако со нив понекогаш знае да испрати тајни пораки чие значење го знае само таа.

Со сопругот, американскиот претседател Доналд Трамп, го обележаат Националниот ден на молитвата во Вашингтон, а за таа прилика облекла фустан во сафарен стил кој секоја пролет и лето повторно се враќа како еден од најбараните модели.

Фустанот е од брендот „Dior“, со миди должина и рамен крој со црни копчиња и џепови. Она без што Меланија не може, а тоа е појас или каиш кои секогаш го истакнуваат нејзниот струк и беспрекорна линија.

Целата комбинација била прилично едноставна, но Меланија го зачинила со чевли со анимал принт со потпис на дизајнерот кој секогаш го носи Кристијан Лабутенс.


Сафарскиот стилот на улиците го носи духот на Африка, интересен е и повторно едноставен за комбинирање и оди со се – високи потпетици, балетанки, чизми или патики. Она што е важно да го изберете добриот модел на фустан, панталони, скуња или кошула и имате одличен стајлинг за работа или излегување.