Граница среде истранско село: За одење во бавча, а и за излегување од неа, се чека полиција од Копер – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/20 10:40 AM

Граница среде истранско село: За одење во бавча, а и за излегување од неа, се чека полиција од Копер

Петнаесетина семејства во малото погранично село Млини, веднаш до граничниот премин Сочерга-Пожане ќе можат двапати седмично да ја преминуваат границата за да влезат во соите бавчи, а во останатите денови ќе мора да ја викаат локалната словенечка полиција да им ја отвори поставената железна врата.

Имено, пред еден месец среде село е поставена железна врата од словенечката страна за да не се преминува границата, што им го загорчи животот на селаните, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Во словенечкиот дел на Млини веќе нема жители, но во хрватскиот дел селаните не можат слободно до своите парцели првпат во својот живот.

„Веќе 67 години живеам овде и жално е во 21. век некој да стави ограда пред мојата врата. Срамно е некој вака да се однесува. Меѓучовечките односи од хрватска и од словенечка страна во околината се одлични. Не може да биде подобро. Ние одлично се дружиме и организираме заеднички манифестации со блиските словенечки села. И словенечките соседи од околните села се запрепастени. Но, сите сме немоќни. Проблемот е во политиката во Љубљана и во Загреб“, вели Дарио Угрин од Млини.

Тој сега не може да оди до својата парцела без да ја вика словенечката полиција и да ја извести оти сака да оди во бавчата. Според процедурата, мора да чека на границата за да ја отворат вратата. А на полицајците за да дојдат од Копер им треба најмалку половина час. Откако ќе ја заврши работата, пак мора да ја повикува полицијата, словенечката. Можел и преку граница без било кого да праша, но за тоа следува казна од 400 евра…