Изминативе недели не престана да се зборува и да се претпоставува дали севернокорејскиот лидер е жив или не. Ким Џонг Ун, го немаше 20 дена во јавноста а потоа се појави на отварање на фабрика во Пјонгјнг. По само неколку дена од пишувањата дека сепак е жив и не починал на операција за срцето, се појави нова шпекулација. Ким Џонг Ун има двојник!?
Оваа теорија има поткрепа откако се појави снимка на која се гледа како разговара са дваица мажи, кои се облечени исто како и Ун.
Снимката е направена во јули 2017. година, а на неа се гледа како диктаторот разговара со луѓе додека им покажува како изгледа новата ракета.
На снимката се чини декасе иста висина, со идентични фризури, а изгледа и дека носат ист костум како и севернокорејскиот лидер, пренесува Њујорк пост.
Погледнете го видеото на линкот:
blob:https://players.brightcove.net/806bda65-9215-4428-a879-85a43cb54dd7