Мајските оперски вечери годинава за првпат ќе се следат онлајн – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/20 3:01 PM

Мајските оперски вечери годинава за првпат ќе се следат онлајн

48 издание на  Мајските оперски вечери годинава за првпат ќе се следи онлајн. На официјалниот YouTube канал на  НОБ ќе се емитуваат 10 продукции  од Националната опера и балет,  8 оперски и 2 балетски.

Стартот на 9-ти мај е закажан за дигиталната премиера на новата продукција на операта „Кармен“, на 12-ти мај ќе биде одиграна балетската претстава „Рајмонда“, на 15-ти мај „Турандот“, на репертоарот на 17-ти мај е предвидена претставата „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност.

На 19 мај е балетскиот концерт „Балетски бисери“ а на 22 мај операта „Фауст“.

На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, љубителите на оперската уметност ќе има можност да ја проследи операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај.

За крај на „Мајски оперски вечери“ традиционално, на 31 мај ќе се емитува операта „Аида“

Според директорот на Националната опера и балет,  Васо Ристов, Мајските оперски вечери се крстопат на цивилизации и култури од целиот свет.