Орбан повторно картограф: Голема Унгарија до Далмација – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/20 9:14 AM

Орбан повторно картограф: Голема Унгарија до Далмација

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера преку својот Фејсбук профилирал честитка до матурантите кои денеска ќе полагаат историја, проследена со картата на „голема Унгарија“. На картата, во границите на Унгарија се и територии на Хрватска, сè до Риека и Далмација, а со тоа пак ги вознемири Хрватите.

Орбан лани во декември објави фотографија на мапа на „голема Унгарија“. Тогаш раководството на неговата партија Фидес одржа состанок пред картата на „историска Унгарија“. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тогаш рече дека тоа не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес, оценувајќи дека „хрватските граници се онаму каде што се“.