Гените се клучни за одбрана на организмот од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 11:07 PM

Гените се клучни за одбрана на организмот од Ковид-19

Повеќето научници се уверени дека гените играат клучна улога во човечкиот организам за инфекција на корона вирусот, пишува лондонскиот Гардијан. Генетскиот склоп на секој човек различно влијае на рецепторите преку кои се врзува корона вирусот за молекулите на нашите ќелии. Во студијата, која ја водел професорот Тим Спектор од лондонскиот Кралски колеџ, се наведува дека  на симптомите кај заболените од Ковид-19, по се судејќи, дури до 50 проценти влијаат гените.

Покрај гените, на симптомите влијае и општата здравствена состојба на заразената личност, отпорноста на инфекција на корона вирусот и општиот имуно одговор во моментот на инфекцијата. Професорот Спектор предупредува дека е потребно да се извршат дополнителни истражувања, за да потполно се сфати кои гени се најважни  на кој начин реагираат на инфекцијата на вирусот.

Дека генот е важен укажа и смртта од корона на две сестри близначки кои минатиот месец починале во болница во Саутемптон. Двете сестри живееле заедно и двете биле во лоша здравствена состојба пред инфекцијата, во исто време заболеле од корона и набргу потоа двете починале од инфекција.

„Овие и други починати близнаци  од корона од една страна упатуваат на заклучок дека одговорот лежи  во гените, но од друга страна мора да бидеме внимателни бидејќи близнаците не се со полоша здравствена состојба од обичните луѓе, не умираат често речиси во ист момент. Но, кога ќе се случи медиумите тоа го претвораат во сензационална вест и со тоа произведуваат дисторзија во јавната перцепција“, предупредил професорот Маркус Манафо од Универзитетот во Бристол.

Текст: rtv.rs

Фото: vitamini.hr