Кинески брзи тестови за Ковид-19 во Македонија се продаваат како холандски, откри истражувањето на ОЦЦРП – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/20 8:58 PM

Кинески брзи тестови за Ковид-19 во Македонија се продаваат како холандски, откри истражувањето на ОЦЦРП

Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е.  Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре“. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Откриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се ​​купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потеклно и за перформансите на тестот, сепак не е.

 

Ова се вели во истражувањето, кое е во  соработка помеѓу ИРЛ Македонија, ИПРИ Италија, МулИпри Медиа, Бивол Бугарија, Крик Србија. Инвестико Холандија, Важни стории Русија и Темпо Индонезија.

„Истите кинески тестови, под различни имиња на брендови беа користени од здравствени установи и влади во земји, вклучувајќи ги и Шпанија, Италија, Франција, Велика Британија, Индонезија, Русија и Ватикан. Тие завршија во рацете на трговците на мало преку интернет, кои продаваат на луѓе кои не се здравствени работници – практика која оди во спротивност со упатствата за безбедна употреба. Тие дури беа и шверцувани во Украина во пратка со облека“, вели во истражувањето.

Во Македонија, тестот бил обезбеден преку швајцарскиот посредник Спринг Хелткер, кој продаде 500 брендирани тестови Биозек во болницата „Аџибадем Систина“ за 8 евра од тест во средината на март, според фактурата добиена од новинарите. Тестовите доаѓаат од серија од околу 100,000 испратени од Инзек до Спринг Хелткер, според истражувањето.

„Вкупно, 50.000 тестови на Биозек биле увезени во Македонија, според царинските записи. Поголемиот дел од тие пратки се случиле преку друг посредник, откако се распадна врската меѓу швајцарската и холандската компанија.  Во Македонија тестот на Биозек беше искористен како дел од агресивната маркетинг кампања на болницата ‘Аџибадем Систина’, која брзо потоа падна пред регулаторите. ‘Брзите и ефикасни’ тестови беа промовирани преку интернет и преку платени ми во локалните медиуми“, се вели во истражувањето на ОЦЦРП.

Болницата соопшти дека ги доставиле прашањата на новинарите до холандската амбасада во земјата „со цел да се заштити истакнатиот производител од земја-партнер и добрите трговски односи“. Проблемите со тестовите Биозек не ја спречија Аџибадем Систина да ги извезува во соседна Србија. Фактурата добиена од новинарите покажува дека македонската болница продала 300 комплети за 10 евра од тест на српскиот Институт за кардиоваскуларни болести Дедиње, чиј директор е Милован Бојиќ, поранешен министер за здравство во владата на починатиот автократ Слободан Милошевиќ, се вели во истражувањето.

Извор: https://irl.mk/