Главниот епидемиолог си поднесе оставка, швалерката му доаѓала во карантин – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/20 10:42 PM

Главниот епидемиолог си поднесе оставка, швалерката му доаѓала во карантин

„Направив „погрешна проценка“ и ми е жал поради непочитувањето  на мерките на Владата за дистанца“, рекол главниот епидемиолошки советник на Владата на  Велика Британија,  Неил Фергусон, кој поднесе оставка на функцијата откако ја прекрши мерката за социјална дистанца, пренесуваат  британските медиуми.

Би Би Си пишува дека Фергусоновата одлука  уследи откако дневниот весник Телеграф објави дека советникот на Владата ги прекрши правилата, кои се воведени поради стопирање на ширењто на вирусот корона, и дозволил на љубовницата да го посети во карантин.

 

 Фергусон имал клучна улога во убедување на властите за да преземат драстични мерки, откако процени дека од зараза од корона вирусот во Англија би можело да умрат 250.000 луѓе.

Неговото предупредување доведе до одлука на премиерот Борис Џонсон на 23 март да воведе строги мерки на ограничување во секојдневниот живот на граѓаните на Англија.

Фергусон  објаснил дека сметал дека е имун на вирусот , бидејќи поминал две недели во потполна изолација , откако беше позитивен на тестот за корона.

” Многу жалам поради поткопување на јасните пораки во врска со понатамошната потреба од социјално дистанцирање“, истакнал професор Фергусон.

Британскиот епидемиолог додал дека повикот на властите за социјално дистанцирање се недвосмислени и дека служат за да сите се заштитат.

Текст: ba.n1info.com

Фото: Википедија/