Штип: Поради непочитување на полицискиот час, приведени 33 лица ,четворица малолетници – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 1:30 PM

Штип: Поради непочитување на полицискиот час, приведени 33 лица ,четворица малолетници

Во текот на изминатиот продолжен празничен викенд според статистиката на МВР за периодот (30.04/01/02/03/04.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 33 лица, од нив 4 малолетни и едно над 67 години, опоменато е едно лице, а за останатите се земени  податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 7 лица им се издадени решенија за изолација, 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 130 контроли кај лица во изолација и 431 кај лица во самоизолација.