Две возила гореа утрово во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 1:21 PM

Две возила гореа утрово во Штип

БМВ утрово е запалено во Штип. Од пламенот на оваа возило зафатено е уште едно ,,шкода фабија“. Од штипската полиција велат дека инцидентот бил пријавен во 05.30 часот.

„На ул.„Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“,се вели во Полицискиот извештај.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.