Коронавирус: Значително намален бројот на новозаразени и починати во најпогодените европски земји – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/20 6:44 AM

Коронавирус: Значително намален бројот на новозаразени и починати во најпогодените европски земји

Бројот на заразените во светот со Ковид-19, според последните податоци, достигна до 3.567.000, на излекуваните до 1.155.000, а додега починаа околу 248.000 луѓе.

Во најпогодените европски земји, бројот на инфицираните во последните денови значително опаѓа, како и на починатите во последните 24 часа, кој е неколкукратно помал во однос на пред седмица-две. Во Италија во последните 24 часа починале 174, во Шпанија – 164, Франција – 135, Велика Британија – 315…

Најголем број заразени има во САД – 1.185.000, од кои починале 68.500, а само вчера 1.045. Во Италија вкупниот број на заразани е 210.000, а на починатите – 29.000, во Шпанија – 247.000 (25.300), Велика Британија – 187.000 (28.500), Франција – 169.000 (25.000), Германија – 166.000 (6.850), Русија – 135.000 (1.280), Турција – 126.000 (3.400)…

Во Македонија заклучно со вчера беа евидентирани 1.511 заразени, од кои 945 се излекувани, а бројот на починатите е 84. Во другите балкански земји – во Црна Гора и во Словенија вчера немаше нови случаи. во Албанија бројот на заразените достигна до 795, а на починатите до 31, Косово – 851 (25), Србија – 9.464 (193), Хрватска – 2.096 (79), Босна и Херцеговина – 1.857 (77).