Актерот Стивен Фрај кажа дека дека осум години не употребил шампон за да ја измие косата. Тој во една емисија раскажа за неговата рутина, која е едноставна и не му зима време.
“Ќе застанам под туш и ќе пуштам водата да измие се. Не користам шампон, сигурно веќе осум години. Не разбирам зошто луѓето ставаат шампон и балзам на коса. Со трлањето само ќе го тргнете природното масло на косата и кожата на глава а од тие балзами косата само се разлетува на сите страни“ , рекол тој.
Фрај е познат како дел од комичното дуо “Фрај и Лори”, играл во филмовите “Хобит”, “Риба звана Ванда”, “Шерлок Холмс: Игра на сенки”, “Госфорд парк”, како и серии како што е “Црна Гуја”.


