Италијанскиот дизајнер Пјетро Демита, сопственик на бренд за луксузни венчални фустани „Diamond couture“ ја запали целата колекција за пролет/лето 2020, бидејќи венчавањата се откажани поради корона вирусот, како и сите нарачки, пренесуваат италијанските медиуми.

Уникатните модели изработени од скапи материјали, со украси од драгоцени материјали кои внимателно, рачно ги работеле над стотина вработени, исчезнаа во пламенот.
Демита на овој чекор се решил за да протестира поради фактот дека неговата работа претрпела невидена штета во текот на два и пол месеци вонредна состојба во Италија поради корона вирусот.

-Нарачките се откажани, венчавањата и веселбите исто така, колекцијата исчезна а со неа и иднината на вработените, соработниците и сите наши соништа. Во име на модните, но и на сите други компании, сакам да им испратам порака и протест на властите, кои потполно ја занемарија модата, важен и продуктивен дел од Италија, рекол Демита.
Фото: Инстаграм
https://twitter.com/RadioSavana/status/1256163709124317184


