Вчера во 17,40 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид.
Охриѓанецот У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
Фото: rtvbn.com