Моите фанови се мултиталентирани и слатки, како звучи „Еве ме пак“ на Александра Јанева во карантин – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/20 7:29 AM

Моите фанови се мултиталентирани и слатки, како звучи „Еве ме пак“ на Александра Јанева во карантин

За време на карантинските денови Александра Јанева реши да направи нова верзија на синглот „Еве ме пак”,  заедно со 25 млади музички таленти, солисти и инструменталисти.  Новото видео кое вчера го објави на социјалните мрежи покажува дека пејачката е во цврста врска со своите фанови.

„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки!”, вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.

Целиот нов инструментал од фановите е комплетно снимен во домашни услови, со телефони. Покрај талентите, видеото го разубавуваат искрените реакции на бројните фанови од сите возрасти како и нејзиниот бенд со кој често ја гледавме на настапи низ земјата.