Лабораторијата „Жан Митрев“ згрешила за тројца пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 1:32 PM

Лабораторијата „Жан Митрев“ згрешила за тројца пациенти

Лабораторијата на „Жан Митрев“ доставила допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на три лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април, соопшти Министерството за здравство. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резултати се негативни.

Лабораторијата на болницата „Жан Митрев“ е една од неколкуте лаборатории, каде се прават тестови, преку кои се потврдува присуството на корона вирусот, односно покажуваат дали некој е заболен. Како што неодамна објасни министерот за здравство Венко Филипче, нема потреба од нивно потврдување во ИЈЗ.