Корона глад: За само еден ден изеле 60.000 пици – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/20 9:39 AM

Корона глад: За само еден ден изеле 60.000 пици

Само за еден ден Наполитаците изеле 60 илјади пици, откако италијанската влада дозволи пицериите да можат да доставуваат храна на домашна адреса. Имало толку многу нарачки, што пицериите морале да прават листа на чекање, а ајбарани биле  “Маргарита” и “Маринара”, кои имаат наједноставни состојки.

Ова е импресивна бројка, со оглед на тоа што работеле само меѓу  30 и 40 проценти од вкупниот број пицерии во градот, печеа оние кои успеале на време да го дезинфицираат дуќанот.

Локалниот сопственик на пицерија во Наполи,  Ерико Порцијо покренал хуманитарна акција под името “ Една корона пица”.  Целта е секој ден да испорача најмалку 50 пици на поединци или семејства кои немаат пари.

Пицата е едно од најпознатите светски брзи јадења, која била храна за сиромашните во јужната италијанска покраина Кампања.  Историчарите велат дека била родена во време на  античкиот Рима, кога на војниците, кои војувале за царството, им било давано брашно и уште по нешто, а тие морале да се снајдат да направат јадење. Немале тањири, па тестото за пица им било замена. Светската слава пицата ја доби во Америка во 80тите години, кога сиромашните италијански емигранти почнале да ја прават.  Во 80тите од Америка пицата се врати во Италија.  Секој италијански регион има свој вид пица.

Извор и фото: mondo.rs