Дали Корона ќе постане сезонски грип или не? – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 9:56 PM

Дали Корона ќе постане сезонски грип или не?

Според зборовите на германски вирусолог има неколку параметри кои се клучни  за да вирусот  постане сезонски грип.

-Не достигнуваат сите вируси врв во текот на зимата, тоа зависи од трансмисијата. Респираторните вируси, кои се појавуваат во текот на зимата отпорни се на надворешниот фактор. Односно, топлина, УВ зраци и влажност на воздухот. Повеќе сончеви денови го намалува бројот на активни вируси на површините, бидејќи ако се изложени на сончевата светлина повеќе од три часа, се намалува можноста да се заразите со контакт на површината. Постои надеж дека ако го одложиме врвот на вирусот доцна во пролетта или на почетокот на летото ќе ја намалиме и трансмисијата. Засега не е познато дали и Ковид-19 ќе се однесува на ист начин како и другите вируси, вели Мајк Скинер.

Според проценката на стручњаците планот засега е да се намали бранот на заразата и бројот на заразени.

-Мораме да ја почекаме вакцината за да го контролираме вирусот и сосема да го искорениме, заклучил вирусологот.

Извор: informer.rs