Полицијата на Бали на чуден начин ги казнува луѓето кои не носат заштитни маски, принудувајќи ги да прават склекови на лице место, јавуваат локалните медиуми, а на социјалните медиуми се појавија фотографии.
Иако веројатно нема официјално таква политика од страна на локалните власти, медиумите пишуваат дека се појавиле бројни фотографии и видеа на Интернет, на кои се гледа дека луѓето без маска прават склекови, откако биле сретнати од припадници на безбедносните сили.
Началникот на селото на туристичкиот остров Интаран, кој видел ваква казна, им соопштил на локалните медиуми дека на луѓето што не носат маска ќе им биде забранет влез во селото. За прекршување на правилата ќе бидат принудени да извршуваат општествено-корисна работа во заедницата и ќе платат казна од 5 килограми ориз.